2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на Nokia стагнираа во четвртиот квартал од минатата година

Приходите на Nokia стагнираа во четвртиот квартал од минатата година

Финскиот производител на телекомуникациска опрема Nokia во четвртокот објави дека приходите во последниот квартал од 2019 година биле на исто ниво како претходната година, најавувајќи поголеми инвестиции во мобилните мрежи од новата 5G генерација.

Во периодот од октомври до декември, нето приходите изнесувале 6,9 милијарди евра.

Нето добивката е повеќе од двојно зголемена, на 563 милиони евра, по програмата за намалување на трошоците. Во средината на оваа година, најавија дека ќе укинат околу 180 работни места во матичната земја, а ги намалија и планираните заштеди, од 700 милиони на 500 милиони евра.

Исто така, планираат да ги зголемат инвестициите во дигитализацијата и технологијата на мобилната мрежа на новата 5G генерација, со оглед на силната конкуренција, како кинескиот Huawei и шведскиот Ericsson. Компанијата наведува дека во последните три месеци од минатата година, склучила 66 договори за опремување на комерцијални 5G мрежи и 19 активни мрежи. Во претходниот квартал, имале 48 договори и 15 активни мрежи.

Во текот на изминатата година, приходите на компанијата пораснале еден процент при исклучување на валутните промени и изнесувале 23 милијарди евра. Нето добивката изнесувала 18 милиони евра, во споредба со загубата од 540 милиони евра во 2018 година.

Откако во 2014 година го продадоа бизнисот со мобилни телефони на американскиот софтверски гигант Microsoft, се концентрираа на производство на инфраструктура за широкопојасен интернет и на обезбедување услуги.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП