28 март, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПродажбата на електрични автомобили во ЕУ скоро двојно зголемена

Продажбата на електрични автомобили во ЕУ скоро двојно зголемена

Повеќе од 290.000 електрични автомобили биле продадени во Европската унија минатата година, што е скоро двојно повеќе од 2018 година, покажуваат податоците на Европската асоцијација на производители на автомобили (ACEA).

Продажбата се зголемила за 93,8 проценти на 290.923 возила на годишно ниво, велат од здружението.

Холандија, со 67.695 продадени возила, и Германија со 63.491 единици биле најголемите европски пазари на електрични автомобили.

Иако не е најголемиот пазар по бројот на продадени електрични возила, Норвешка може да се пофали со најголем пазарен удел на електрични возила во вкупната минатогодишна продажба на нови автомобили, која изнесувала 42,4 проценти.

Аналитичарите велат дека учеството може да се искачи на 60 проценти оваа година. Најпродаваниот електричен автомобил во Норвешка е седанот „Тесла Модел 3“.

Според податоците на ACEA, продажбата на хибридни возила се зголемила за скоро 50 проценти минатата година на 465.026 единици, додека продажбата на хибридни автомобили на полнење се зголемила за 13,9 проценти на 174.103 единици.

Возила со алтернативен погон кои работат на течен нафтен гас (ТНГ) и природен гас учествувале со 10,7 проценти од вкупната продажба на автомобили во ЕУ во 2019 година, што претставува зголемување од 7,5 проценти.

Во исто време, продажбата на дизел возила паднала за 13,9 проценти на 4,65 милиони единици и нивниот удел на пазарот потонал на 30,5 отсто.

Бензините сè уште се далеку најпопуларното возило во ЕУ, при што продажбата пораснала за 5,2 проценти на 8,96 милиони и уделот на пазарот се зголемил за повеќе од два проценти на 58,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП