7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПроклетство 737: Нов софтверски проблем на авионот на Boeing

Проклетство 737: Нов софтверски проблем на авионот на Boeing

Американскиот производител на авиони Boeing откри нов софтверски проблем на приземјениот модел 737 MAX.

Сепак, не очекуваат дека тоа ќе го одложи враќањето на авионот во употреба до средината на оваа година.

Тоа е најмалку трет софтверски проблем кој е откриен откако 737 MAX е приземјен во март минатата година по две авионски несреќи, во кои загинаа 346 лица.

Од Boeing велат дека проблемот е откриен во промените кои се прават на софтверот на моделот 737 MAX, пренесува AP. Грешката е забележана во функцијата за предупредување на пилотот за системот, која се користи за насочување на авионот нагоре или надолу, со помош на поместување на опашката на авионот.

Портпаролот на Boeing изјави дека во текот на тестирањата на новиот софтвер за авиони е откриено дека светлото не функционира добро.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП