28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИГи надминаа очекувањата: За три месеци повеќе од 28 милиони корисници

Ги надминаа очекувањата: За три месеци повеќе од 28 милиони корисници

Платформата за гледање филмови и серии Disney+ го објави бројот на претплатници. Ги надминаа предвидувањата на експертите. На 3 февруари, имале 28,6 милиони корисници.

Disney+ започна со работа на 12 ноември и сè уште не е достапен на глобално ниво. Ден по лансирањето, компанијата објави дека услугата веќе има повеќе од 10 милиони претплатници.

За споредба, Netflix минатиот месец објави дека има 167 милиони претплатници ширум светот.

„Имавме силен прв квартал, што ги надмина дури и нашите најголеми очекувања“, изјави извршниот директор на компанијата, Роберт Ајгер, пренесува TechCrunch.

Disney+ би требало дополнително да го зголеми бројот на претплатници кога ќе биде достапен ширум светот, а нивниот адут е, меѓу другото, и филмовите од универзумот Marvel.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП