20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСопственикот на Њујоршката берза сака да го преземе eBay

Сопственикот на Њујоршката берза сака да го преземе eBay

Intercontinental Exchange (ICE), сопственикот на Њујоршката берза, сака да го преземе eBay, дознава Reuters од добро информирани извори.

Аквизицијата би надминала 30 милијарди американски долари и би претставувала значајно отргнување од фокусираноста на ICE на финансиските пазари.

ICE потврди дека пристапил до eBay за да разговара за потенцијалот за соработка, но негира дека е разговарано за продажба на целиот eBay или некој негов дел.

Неофицијално може да се дознае дека ICE не е заинтересиран за огласниот сегмент на eBay, за кој eBay размислува да го стави на продажба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП