5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд коронавирусот досега починале 492 лица, 24.500 биле заразени

Од коронавирусот досега починале 492 лица, 24.500 биле заразени

Од коронавирусот, од крајот на декември до денес починале 492 лица, а повеќе од 24.500 биле заразени, соопштија официјалните лица.

Болеста се прошири во повеќе од 25 земји низ целиот свет, при што повеќето случаи се откриени во Кина, особено во провинцијата Хубеи, каде што се појави вирусот, пренесува Си-Ен-Ен.

Најновите случаеви на вирус биле откриени на крузер кој пристигнал во Јапонија, при што се откриени 10 случаи, поради што 3.700 патници се задржани во карантин во кој ќе останат во наредните две недели.

Најмногу заразени, но и смртни случаи се забележани во Вухан, каде починале 362, а заразени се 8.351 лица.

Многу земји ги евакуираа своите граѓани од Кина, а Велика Британија им нареди на сите да ја напуштат земјата, но не прецизираше како, ниту понудила конкретна помош, пренесува Си-Ен-Ен.

Американскиот Стејт департмент објави дека во четврток ќе испрати уште два авиони за евакуација на граѓаните, додавајќи дека не се планирани дополнителни авиони за евакуација после тоа.

Епидемијата на коронавирусот избувна на крајот на декември минатата година, а се смета дека вирусот има животинско потекло, пред се од лилјаци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП