5G мрежите допрва треба да се пробиваат на пазарот и меѓу корисниците. Некои шпекулации говорат во прилог на тоа дека 2020 година би требало да биде „5G година“, односно година во која во широк спектар ќе бидеме запознаени со повеќето можности на новата мрежа.
И покрај тоа што 5G сè уште не е „мејнстрим“, некои производители на паметни телефони побрзаа и дизајнираа свои 5G уреди.