4 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСветско авио-партнерство - Air France, KLM, Delta и Virgin

Светско авио-партнерство – Air France, KLM, Delta и Virgin

Авиокомпаниите Air France, KLM, Delta и Virgin Atlantic склучија договор за партнерство кој ќе им овозможи на патниците уште повеќе дестинации и опции за програми за лојалност кога патуваат во Европа, Велика Британија и Северна Америка.

Со овој договор се поврзуваат 238 градови во Северна Америка, 98 во Централна Европа и 16 во Велика Британија, овозможувајќи директни или летови со попатни станици до секој агол на Северна Америка, се вели во заедничкото соопштение на четирите авиокомпании.

Договорот овозможува и избор од 110 трансатлантски рути нон-стоп, и го зголемува патничкиот и карго превозот на 23 проценти од вкупниот трансатлантски превоз.

Исто така, се поврзуваат програмите за лојалност на овие авиокомпании, што на патниците ќе им донесе нови придобивки почнувајќи од 13 февруари 2020 година.

Поточно, сите корисници на програмата за чести патници (BlueBiz и Flying Blue) ќе можат да заработат и користат милји, но и бенефиции од Elite програмата на сите четири наведени авиокомпании, без разлика дали се работи за прекуокеански летови, летови во Европа или оние во Северна Америка.

Годишниот приход од заедничко вложување се проценува на 13 милијарди долари, а вкупниот број на вработени во сите четири компании е над 180.000.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП