6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИOREO: Добриот профит го прославија со Гинисов рекорд

OREO: Добриот профит го прославија со Гинисов рекорд

Компанијата Mondelēz International, Inc. објави дека поставила Гинисов рекорд во консумирање на OREO бисквити во исто време, на повеќе места.

 

Настанот бил координиран за одбележување на брендот OREO, кој до крајот на 2019 година достигна голема пресвртница од 3,1 милијарди долари годишни нето приходи.

Поставувањето на рекордот започнал на 30 јануари во 15:30 часот по локално време, кога тим на Mondelēz International бил поканет во исто време ритуално да заврти, да лиже и натопи OREO кекс, со пренос во живо.

Вработените на 55 локации од 32 земји низ целиот свет учествувале на овој настан, поставувајќи нов гинисов рекорд со 5,066 лица кои во исто време го јадат овој кекс.

„Исклучително сме горди што одбележавме ваков значаен момент во продажбата на брендот OREO и го искористивме овој силен момент да го оствариме ова достигнување со целото Mondelēz International семејство во светот“, изјави Дирк Ван де Пут, претседател и извршен директор на Mondelēz International.

„Се радуваме на постојаниот раст на брендот и се надеваме на поставување нови рекорди!“

OREO е еден од омилените кекси во светот, достапен во повеќе од 100 земји низ целиот свет. Секоја година се продаваат околу 34 милијарди OREO кекси, што е околу 92 милиони OREO на ден. Проценето е дека од кога е развиен првиот OREO кекс во 1912 година, па сè до денес, продадени се околу 500 милијарди OREO кекси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП