29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОд денеска ќе се точат поевтини горива

Од денеска ќе се точат поевтини горива

Малопродажната цена на бензините се намали од еден до 1,5 денари, а на дизелот за два денара, така вчера одлучи Регулаторната комисија за енергетика.

Според одлуката, малопродажната цена на Еуродизел сега изнесува 58 денари за литар, на Еуросупер БС-95 изнесува 66 денари за литар, Еуросупер БС 98 се продава по 68,50 денари за литар и екстра лесното масло за домаќинство по 47,50 денари

Малопродажната цена на мазутот М-1 НС се намали за 1,473 денари и изнесува 34,922 денари за килограм.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со изминатиот седумдневен период бележат намалување кај бензинот во просек за околу 5,01 отсто или за 28,80 долари за тон, кај дизелот намалување во просек за околу 7,14 отсто или за 39,05 долари за тон, кај екстра лесното масло намалувањево просек за околу 7,43 отсто или за 40,05 долари за тон и кај мазутот намалување во просек за околу 6,18 отсто или за околу 27 долари затон, поради што во структурата на цените на нафтените деривати е извршено соодветно прилагодување.

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот седумдневен период изнесуваше 55,9 денари и е за 0,903 отстоповисок од курсот на доларот по кој беа формирани цените со претходната пресметка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП