
Народната банка на Кина соопшти дека ќе префрли 1,4 трлиони јуани (173,8 милијарди долари) во економијата поради загриженоста дека коронавирусот ќе го намали нејзиниот раст. Кинеската централна банка соопшти дека сумата ќе биде префрлена во економијата преку реверсни репо операции (трансакции во кои банката купува хартии од вредност и истовремено е согласна повторно да ги продаде на одреден ден по одредена цена).

