28 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕден од девет вработени во Македонија се под ризик од сиромаштија

Еден од девет вработени во Македонија се под ризик од сиромаштија

Еден од девет вработени Македонци на возраст од над 18 години се под ризик од сиромаштија- објви Европското статистичко биро „Евростат“. Стапката на вработени кои се под ризик од сиромаштија во 2018 година изнесувала 8,8 проценти. Но таа се разликува кај половите, па така е повисока кај вработените мажи кај кои изнесувала 10,6 проценти, а кај вработените жени 6 проценти.

Податоците на „Евростат“ покажуваат дека едно од десет вработени лица на возраст од над 18 години во ЕУ биле изложени на ризик од сиромаштија во 2018 година. Во последните неколку години, ова учество се зголемувало од 8,6% во 2008 година на 9,5% во 2018 година. 9,9% од вработените мажи биле изложени на ризик од сиромаштија, споредено со 9,1% од жените.

Вработените со скратено работно време и вработените со привремени договори, повеќе се изложени на ризик од сиромаштија при работа отколку оние што работат со полно работно време и имаат постојани договори. Во 2018 година, работниците со скратено работно време во ЕУ се изложени на двојно поголем ризик (15,7%) во однос на вработените со полно работно време (7,8%), додека вработените со привремени работни места имале скоро три пати поголем ризик (16,2%) од оние со постојани работни места (6,1%).

Стапките на ризик од сиромаштија при работа се разликуваат во земјите-членки на ЕУ. Највисоки стапки се забележани во Романија (15,3%), а потоа следат Луксембург (13,5%), Шпанија (12,9%), Италија (12,2%), Велика Британија (11,3%) и Грција (11,0%), додека најниски стапки на вработени под ризик на сиромаштија се забележани во Финска (3,1%), Чешка (3,4%), Ирска (4,9%), Белгија и Хрватска (и 5,2%), како и Данска (5,4%).

 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП