4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕУ до Британија: Секој избор има последици

ЕУ до Британија: Секој избор има последици

Лидерите на трите водечки европски институции денес изразија надеж дека ЕУ и Велика Британија по излегувањето на таа земја од Унијата на полноќ, ќе ја продолжат блиската соработка, но и го предупредија Лондон дека секој избор има последици.

“Ако не сте член, не можете да ги задржите придобивките од членството”, напиша претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел и претседателот на Европскиот парламент, Давид Сасоли во заедничкиот авторски текст за неколку европски медиуми пред излегувањето на Британија од ЕУ на полноќ.

Тие, во еден вид проштално писмо, ја предупредија Британија и дека веќе не може повеќе да очекува “највисок квалитет на пристап до единствениот пазар”, пренесува Independent.

“Без слободно движење на луѓе нема слободно движење на капитал, добра и услуги”, додаваат тие.

Европските лидери додадоа и дека ЕУ ќе работи напорно за создавање на иднината како сојузник и партнер на Британија, пренесува Reuters.

Тие рекоа дека нивната наклонетост кон Британија го надминува членството во ЕУ и дека договорот за излез гарантира дека правата на милиони Британци и граѓани на ЕУ се заштитени на места кои ги чувствуваат како свој дом.

Сепак, забележуваат дека во време на силна конкуренција и „турбулентна геополитика, големината е значајна“.

Британија од утре веќе нема да биде членка на Унијата и ќе се смета за трета земја, но ќе влезе во период на транзиција до крајот на декември, кој треба да им овозможи на граѓаните и компаниите време да се прилагодат.

Двете страни ќе имаат 11 месеци да постигнат договор за својот иден однос.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП