21 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАВелика Британија на полноќ ќе стане првата земја што ја напушти Европската...

Велика Британија на полноќ ќе стане првата земја што ја напушти Европската Унија

По три и пол години, тројца премиери и бескрајно долги гласања во парламентот од рефенедумот за брегзит одржан во 2016 година, Велика Британија на полноќ ќе стане првата земја што ја напушти Европската Унија.

И покрај тоа што е голем катаклизмичен настан, промените генерално нема да бидат видливи за јавноста. Велика Британија ќе влезе во преоден рок на којшто се согласи со ЕУ, кој предвидува земјата да остане во ЕУ наредните 11 месеци.

Како што беше најавено, приврзаниците на брегзит ќе слават, а забавите се одржуваат низ целата земја, па дури и оние што се спротивставуваат на тоа, ќе одржат митинзи пред зградата на парламентот. Денеска се очекуваат илјадници луѓе на улиците во Лондон да го одбележат овој историски ден.

Иако ја напушта ЕУ, Велика Британија ќе продолжи да ги почитува нејзините закони и судови. Исто така, ќе продолжи да има претставници во институциите на ЕУ и ќе се состане со лидерите на ЕУ во преодниот период. Луѓето кои патуваат во Европа нема да чувствуваат никаква промена за време на транзицискиот период.

Но во втората фаза се очекуваат да настапат економски последици за двете страни. Она што ќе се промени е дека Британците нема да бидат во парламентот на ЕУ по овој период, ќе се смени бојата на нивните пасоши, Германија нема да ги доставува своите граѓани во Велика Британија кога ќе извршат злосторства, а Велика Британија ќе добие и нова валута – монети „брегзит“. Другите измени ќе бидат познати по 31 декември кога ќе помине периодот на транзиција.

Лидерите на Велика Британија им ветија на своите граѓани дека ќе сторат сé што е можно за да избегнат негативни последици и да ги заштитат.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП