19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook достигна 2,5 милијарди корисници

Facebook достигна 2,5 милијарди корисници

Facebook соопшти дека ја завршил 2019 година со 2,5 милијарди месечни корисници ширум светот, што е раст од 8 проценти во однос на претходната година.

До овој раст дојде и покрај притисокот на јавноста и критиките на штета на оваа компанија, помеѓу другото поради загриженоста во врска со начинот на кој се третирани личните податоци на корисниците.

Компанијата објави дека приходите во последните три месеци од 2019 година биле околу 21 милијарди долари, што е раст од 25 проценти во однос на истиот период претходната година. Facebook забележа и добивка од 7,3 милијарди долари.

– И покрај сите загрижености во врска со компанијата во текот на последните две години, Facebook ги надмина очекувањата кога станува збор за приходите, и покажа постојан раст во својата корисничка база – изјави Дебра Ахо Вилијамсон, главна аналитичарка во eMarketer.

Според нејзините зборови, ова е компанија која покажала дека може да издржи постојани критики, а истовремено расте кога станува збор за приходите и бројот на корисници.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП