19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилијардерот ја продава Victoria’s Secret

Милијардерот ја продава Victoria’s Secret

Акциите на компанијата L Brands скокнаа за 12 проценти по извештаите дека основачот и извршен директор, милијардерот Лесли Векснер, е во преговорите да се повлече или да ја продаде марката за долна облека.

L Brands е сопственик на познатиот бренд Victoria’s Secret.

Векснер (82) е под голем притисок поради неговите блиски врски со контроверзниот инвеститор, неодамна починатиот Џефри Епштајн.

Wall Street Journal објави дека тој бил „во преговори да се повлече како извршен директор на својата малопродажна империја и да ги истражи стратешките алтернативи“, објави CNN Money.

Во извештајот се предупредува дека L Brands „сака да дојде до одлука за потенцијален договор и планови за наследство во наредните недели“.

Исто така, не постои „никаква гаранција“ дека компанијата ќе постигне договор со Векснер.

Брендот Victoria’s Secret последниве години беше во големи проблеми поради падот на продажбата и растечката конкуренција. Врските на Векснер со Епштајн исто така и нанесоа тежок удар на компанијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП