28 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШтедилниците со профит од 626.000 евра - дале кредити „тешки“ 28...

Штедилниците со профит од 626.000 евра – дале кредити „тешки“ 28 милиони евра, прибрале депозити од 15,6 милиони евра

Ако банкарскиот сектор во земјава го сочинуваат 15 домашни банки, листата на штедилници кои имаат дозвола за работа од Народната банка е скромна и ја сочинуваат само 2 штедилници. Тие во 2018 година од своето работење оствариле  профит од 626.000 евра. Наплатиле 3,7 милиони евра од камати од граѓаните кои се задолжиле кај нив и 135.000 евра од провизии.

Билансот на состојба на штедилниците покажува дека во 2018 година во однос на 2017 година се зголемени средствата со кои располагаат штедилниците.  Така вкупната актива на штедилниците во 2018 година изнесувала 33,3 милиони евра или е поголема за 1,2 милиони евра во однос на претходната година. Најголем дел од парите штедилниците вложиле во кредити на нефинансиски лица или речиси 28 милиони евра. Податоците покажуваат дека граѓаните во двете штедилници чуваат 15,6 милиони евра депозити.

Билансите на штедилниците во 2017 година биле полоши од 2018 година, но 2015 и 2016 година тие имале повеќе пласирани средства и на страната на кредитите и на депозитите, иако добивката им била приближно иста како во 2018 година. Така во 2016 година вкупната актива на штедилниците изнесувалка 42,3 милиони евра.  Пласирале 32,1 милиони евра во кредити на нефинансиски лица, а прибрале 13,5 милиони евра депозити од граѓаните.

 

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП