7 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИIkea затвара половина од продавниците во Кина

Ikea затвара половина од продавниците во Кина

Шведската компанија Ikea, најголемиот светски продавач на мебел, соопшти дека привремено затвора околу половина од вкупно 30 нејзини продавници во Кина.

На овој потег се одлучила бидејќи бројот на смртни случаи во таа земја од новиот коронавирус денес се зголеми на 132.

„Одговарајќи на повикот на кинеската влада за ефикасна контрола на ширењето на болеста, Ikea од 29 јануари привремено ќе затвори околу половина од продавниците во Кина“, се вели во соопштението.

Компанијата додаде дека вработените во продавниците кои се затвараат „ќе останат дома со плата“.

Групата INGKA, која управува со продавниците на Ikea ширум светот, затвори продавница во Вухан минатата недела, каде минатиот месец избувна коронавирусот. Компанијата вработува околу 14.000 луѓе во Кина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП