27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple со рекордни приходи во последните три месеци од 2019 година

Apple со рекордни приходи во последните три месеци од 2019 година

„Apple“ го објави својот финансиски извештај, во кој се вели дека компанијата има пораст на приходите од 9% во однос на истиот квартал минатата година (91,8 милијарди американски долари), што е далеку над она што го предвидуваа аналитичарите (88,5 милијарди долари). Apple, исто така забележа поголеми приходи во секторот за хардвер, кој стагнираше една година порано.

Продажбата во секторот за iPhone телефони му обезбеди на Apple повеќе од половина од своите приходи во текот на првиот фискален квартал. Компанијата само од продажба на iPhone оствари 55,96 милијарди долари. Од друга страна, Apple Watch, Home Pod и AirPods допринесоа 10 милијарди долари, што претставува зголемување во однос на минатата година кога изнесувале 7,3 милијарди долари.

Извршниот директор на „Apple“, Тим Кук истакна дека „iPhone 11“ и „11 Pro“ имаат огромен раст и ја нарече „најсилната линија на iPhone што компанијата ја имала досега“.

Компанијата очекува да оствари приходи од 63 до 67 милијарди американски долари во текот на следниот квартал. Но, ова ќе биде значително засегнато од ситуацијата во кинескиот регион и епидемијата на вирусот корона, што може да го оштети производството и продажбата на производи на „Apple“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП