25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗТурција во мај започнува со изградба на фабрика во која ќе го...

Турција во мај започнува со изградба на фабрика во која ќе го прават својот прв автомобил

Изградбата на фабрика за производство на првиот турски автомобил би требало да започне во мај, со капацитет да произведува во просек 175.000 електрични возила.

 

Гуркан Каракаш, претседател на заедничката компанија (TOGG), кој го спроведува проектот за првиот турски автомобил, истакна дека поголемиот дел од фабриката би требало да биде завршен во рок од една година, објави турски Daily Sabah.

Тој изјави дека до 2032 година ќе бидат произведени еден милион возила и додаде дека новата фабрика ќе привлече 22 милијарди инвестиции во текот на следните 15 години.

TOGG, конзорциум од пет најголеми компании во земјата, неодамна ги претстави прототипите на првиот домашен автомобил.

Објектот за производство на возила, сместен во Гемлик, Бурса, ќе биде паметна фабрика, изјави Каракаш, истакнувајќи дека групата се консултирала со компании ширум светот во врска со нивната линија на производи.

Каракаш изјави дека компанијата добила стручна помош од светски познати компании за да ги утврди можните трошоци на секој дел од возилото и да се обиде да го скрати процесот на производство.

Запрашан за продажната цена на автомобилот, Каракаш изјави дека не би било фер да се зборува за тоа во овој момент, ниту од аспект на маркетинг, ниту од аспект на конкуренција.

Истакна дека групата работи и на име на бренд кое ќе одговара на светскиот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП