26 јуни, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFerrari најмоќен бренд во светот, а Amazon е највреден со 220,8 милијарди...

Ferrari најмоќен бренд во светот, а Amazon е највреден со 220,8 милијарди долари

Втора година по ред, Ferrari ја освои титулата најмоќен бренд во светот според извештајот на Brand Finance Global 500 за 2020 година. Како што се очекуваше, доделен им е најсилниот ранг ААА +, а вкупната оценка изнесува 94,1 од 100.

На второ место е Disney, додека третото место го зазема кинески WeChat. Во топ 10 се очекувано и Coca Cola, Deloitte, PWC, Rolex, PayPal…

Brand Finance Global исто така наведува дека и вредноста на брендот Ferrari пораснала за 9 проценти, а во целиот раст голема улога имале и новите модели SF90 Stradale и Ferrari Roma, два нови модели со кои Ferrari дополнително го шири својот потенцијален круг на клиенти.

Покрај тоа, со Armani групацијата е постигнат договор за продажба на Ferrari колекциите кои дополнително го зајакнуваат брендот. Познато е дека Ferrari со години нуди разновидна стока, како што се маици, парфеми, капи, шалови, макети итн. Сепак, компанијата планира да ги намали тековните лиценци за 50 проценти.

Од друга страна, бројот на модели дополнително ќе се зголеми бидејќи наскоро ќе биде пуштен во продажба првиот Ferrari SUV. Со оглед на популарноста на SUV сегментот, особено во категоријата луксузни автомобили, најверојатно ќе ја консолидира својата водечка позиција.

Кога станува збор за највредниот бренд во светот, на прво место и понатаму е Amazon чија вреддност достигна неверојатни 220,8 милијарди долари (+ 17,5 проценти), втор е Google чијашто вредност се искачи за 11,9 проценти на 159,7 милијарди, а трет е Apple со вредност од 140,5 милијарди долари (-8,5 проценти), додека најголем раст забележа компанијата Tesla Motors – 64,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП