17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајмногу пари во банка - 1,1 милијарда евра должат трговците, угостителите, транспортерите

Најмногу пари во банка – 1,1 милијарда евра должат трговците, угостителите, транспортерите

Од вкупниот долг на компаниите кон домашните банки кој во 2018 година изнесувал 2,6 милијарди евра, најзадолжени се фирмите од секторот трговија, транспорт, складирање , угостителство – покажуваат податоците на Народната банка за финансиската стабилност во 2018 година.

Тие во домашните банки имале долг од 1,14 милијарди евра, кој пак во однос на 2017 година е зголемен за 46,5 милиони евра. Расте задолженоста и на целото стопанство, па така вкупниот долг на комапниите кон банките во 2018 година пораснал за речиси 129 милиони евра во однос на 2017 година, покажува статистиката.

Втори по задолженост се комппаниите од индустријата чиј долг кон банките во 2018 година достигнал 808 милиони евра и нема драстични промени во задолженоста во индустријата во однос на претходната 2017 година.

Податоците на Народната банка покажуваат дека градежниот сектор по основ на кредити должи во домашните банки 332 милиони евра, а земјоделството 73,2 миолиони евра.

Најголем дел од кредитите кај корпоративниот сектор се во денари или 62,6 проценти, а 37,4 проценти од долгот е со валутна компонента. Просечните камати за компаниите во 2018 година изнесувале 4,75 проценти и биле пониски од 2017 година кога изнесувале 5,26 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП