25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИнтерактивна мапа која го следи ширењето на опасниот коронавирус

Интерактивна мапа која го следи ширењето на опасниот коронавирус

Американскиот Универзитет “Џон Хопкинс” објави интерактивна мапа за да ја информира јавноста за состојбата со коронавирусот.

Податоците за нови случаи на коронавирус во светот се додаваат на интерактивната мапа на дневна основа. Универзитетот прецизира дека податоците се собрани од различни извори, вклучително и Светската здравствена организација и континенталните центри за контрола на болести.

Целта на објавувањето на интерактивната мапа е да се информира јавноста за состојбата во врска со коронавирусот, а податоците може да се следат од минута во минута на веб-страницата на Универзитетот.

Како резултат на новиот коронавирус, во Кина умреле 132 лица, а повеќе од 4600 луѓе се разболеле. Бројот на загинати во покраината Хубеи до вторникот вечер се зголеми за 25, со што вкупниот број достигна 125.

Според здравствените власти во оваа провинција, каде се заболени најмногу луѓе, до вторникот вечерта биле пријавени 840 нови случаи и вкупно се заразени со коронавирусот 3.554 луѓе.

Повеќето жртви и пациенти се од Вухан, главниот град на провинцијата, каде за прв пат е регистриран вирусот.

Повеќе од 70 случаи на коронавирус се потврдени ширум светот.

Мапата можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП