16 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАвто-гигант предизвика контроверзии: Планираат да градат мини нуклеарни реактори

Авто-гигант предизвика контроверзии: Планираат да градат мини нуклеарни реактори

Компанијата Rolls-Royce планира да изгради мини нуклеарни реактори во Велика Британија до крајот на оваа деценија.

Од Rolls-Royce потврдија за BBC дека постои план за изградба и управување со нуклеарни реактори до 2029 година. Мини нуклеарни станици можат масовно да се произведуваат и доставуваат на локации со помош на танкери, а со тоа полесно се предвидуваат трошоците.

Противниците на овој план тврдат дека Велика Британија би требало целосно да се откаже од нуклеарната енергија и да се фокусира на поевтина обновлива енергија.

Заштитниците на животната средина се поделени кога станува збор за нуклеарната енергија, некои велат дека е опасна и скапа, додека други тврдат дека е потребна целата технологија доколку сакаат да ја достигнат целта за нулта емисија до 2050 година.

Оние кои го поддржуваат проектот мини нуклеарен реактор, веруваат дека цените можат да парираат со ефтината обновлива енергија. Планот е да се сместат мини реактори во Кембриџ или Велс, а треба да бидат од 10 до 15 во Велика Британија.

Се работи за мали реактори кои би можело да ги има секој град, а користењето на постојните локации би го спречило проблемот со осигурување од терористички напади.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП