27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМилиони возачи бараат оштета од Volkswagen

Милиони возачи бараат оштета од Volkswagen

Холандската фондација Diesel Emissions Justice вчера започна со колективна акција против германската компанија Volkswagen како дел од европската кампања.

Целта на кампањата е да се добие оштета за неколку милиони возачи по скандалот со издувните гасови на дизел моторите.

Фондацијата има поддршка од неколку илјади луѓе кои ќе учествуваат во акцијата во Белгија и Холандија, а се предвидува да се прошири и во други земји, меѓу кои е и Франција.

„Volkswagen ја призна вината и би требало да ги обештети потрошувачите. Тоа е направено во САД, каде се исплатени повеќе од 25 милијарди евра за 450.000 продадени возила“, се вели во фондацијата.

Volkswagen во Канада треба да плати обештетување од 135 милиони евра.

Компанијата плати дел од оштетата во Холандија, Германија и Италија, но не и во Франција.

Според податоците на фондацијата, околу 8,5 милиони луѓе се оштетени во Европа, од кои еден милион во Франција, кои сè уште ништо немаат добиено од оштетата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП