28 март, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСе создава една од најголемите авиокомпании во Европа: LOT го купува германски...

Се создава една од најголемите авиокомпании во Европа: LOT го купува германски Condor

Полскиот авиопревозник LOT ќе ја купи германската авиокомпанија Condor, објавија двете компании, најавувајќи создавање на водечка авиокомпанија во Европа која годишно ќе превезува повеќе од 20 милиони патници.

Германскиот Condor беше подружница на пропаднатиот британски тур оператор Thomas Cook. По пропаѓањето на компанијата, германската влада му помогна со заем од 380 милиони евра.

Понудата за германскиот превозник беше поднесена од сопственикот на LOT Polish Aviation Group (PGL) и е избрана за најатрактивна. Се очекува трансакцијата, по добивањето на регулаторни одобренија, да заврши до април.

Вредноста на понудата не е одредена.

Condor има флота од 50 авиони, додека LOT има 80. Полската компанија е концентрирана во централна и источна Европа и минатата година превезе повеќе од 10 милиони патници, „повеќе од двојно отколку четири години порано“, се вели во соопштението.

PGL во 2019 година оствари приходи од околу 1,9 милијарди евра.

Condor, финансиската година 2018/2019 ја заврши со оперативна добивка од околу 58 милиони евра и приход од околу 1,7 милијарди евра. Годишно превезува околу 9,4 милиони патници од осум аеродроми до околу 90 дестинации во Европа, Африка и Америка.

„Купувањето на Condor совршено се вклопува во стратегијата на PGL, а ја гарантира и иднината на Condor“, истакнува во соопштението претседателот на управниот одбор на PGL, Рафал Милзарски, најавувајќи развој на брендот на германската компанија и негово воведување на други европски пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП