26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИУште еден автомобилски гигант под истрага

Уште еден автомобилски гигант под истрага

Корпорацијата Suzuki објави дека ќе соработува со холандските власти, во врска со сознанијата дека нивните дизел возила ги прекршиле регулативите за емисија на гасови во земјата.

Компанијата соопшти дека би требало да одговори на тие истраги до средината на февруари.

Холандската администрација за патен транспорт, вчера објави дека дизел автомобилите на Suzuki Vitara и Fiat Chrysler Jeep Grand Cherokee ги кршат правилата за емисии на гасови и дека недостатоците мора да бидат исправени или ќе се соочат со забрана за продажба низ цела Европа, пренесува Reuters.

Во соопштението на Suzuki се наведува, дека дизел верзиите на возилата Vitara и S-Cross користат мотори и софтвер за контрола на емисиите на гасови кои ги испорачува Fiat Chrysler.

Од јапонската компанија додаваат дека холандските власти ги известиле дека наведените возила, кои веќе не ги произведуваат, покажале повисоко ниво на емисии од дозволените по надградбата на софтверот во 2017 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП