29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо светот би можеле да останат само 5 или 6 валути

Во светот би можеле да останат само 5 или 6 валути

Во светот постојат повеќе од 100 признати валути, но тој број може да се спушти на пет или шест во наредните 20 години, изјави министерот за економија на Бразил, Пауло Гуедес, на Светскиот економски форум (WEF).

Европските земји пред 20 години воведоа заедничка валута, овозможувајќи им на луѓето од, да речеме, Франција да патуваат во Германија без потреба за промена на валутата.

Тоа би можело да се повтори и во другите делови на светот во иднина, под услов да се усогласат политички или економски, изјави Гуедес.

„Ако ги земете во предвид политичката димензија и економската димензија, за 20 или 30 години би имале пет, шест валути“, додаде тој.

Во овој момент, американскиот долар се смета за безбедна валута – што значи дека нејзината вредност расте во време на криза. Од причини за стабилност и трговија, разни земји одлучија да ја врзат својата валута токму за американскиот долар. Меѓутоа, во време на нестабилност на американскиот долар, тоа би можело да им наштети на тие земји.

Развојот на заеднички валути во различни земји би можело да им помогне на тие економии да ја намалат својата зависност од американскиот долар. Во тој случај, алтернативата би била еврото, друга “континентална валута”, област во која доминира доларот, а Кина би имала своја валута која исто така ја гравитираат некои земји.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП