20 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИАпликациите на Facebook им донеле 208 милијарди евра на компаниите во ЕУ

Апликациите на Facebook им донеле 208 милијарди евра на компаниите во ЕУ

Апликациите со кои управува Facebook им помогнале на компаниите од Европската унија да испорачаат стоки во вредност од 208 милијарди евра во 2019 година, односно да создадат 3,1 милиони работни места.

Во анализата која ја објави технолошкиот гигант се наведува дека нивните услуги ги користеле 25 милиони деловни субјекти од ЕУ.

Компаниите во анкетата посочиле дека рекламирањето на Facebook, WhattsApp или Instagram им помогнало во остварувањето на скоро 100 милијарди евра извоз во текот на минатата година, од кои 58 милијарди се генерирани на внатрешниот пазар во Унијата.

Шест од десет компании опфатени во истражувањето навеле дека апликациите на Facebook се важни за намалување на трошоците за маркетинг, а сличен број од нив изјавиле дека истите услуги се важни за подобрување на услугата на клиентите.

Во извештајот се додава и дека 70 проценти од компаниите кои се корисници на апликации извезуваат, што е за 20 проценти повеќе од конкурентите кои се откажале од овој канал на комуникација, а половина од мнозинството исто така, изјавило и дека се корисни за влез на поединечни пазари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП