20 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei вети 5G телефони под 150 долари до крајот на годината

Huawei вети 5G телефони под 150 долари до крајот на годината

Кинескиот гигант Huawei најави 5G телефони со цена под 150 долари до крајот на 2020 година.

Од компанијата, тие веќе однапред гледаат како се развива 5G пазарот на паметни телефони, па затоа храбро ветија дека до крајот на годината ќе понудат телефони со цени под 150 долари, за почеток во Кина.

Можеме да очекуваме вистински буџетски телефон со 5G конекција, при што Huawei најверојатно ќе го користи својот Harmony OS на овие нови паметни телефони.

Иако овој оперативен систем нема ни приближно толку функции како Android, за телефони со среден ранг би требало да биде доволен.

Како Huawei ќе успее во цената под 150 долари да стави процесор кој може да го стартува телефонот со брзина каква што очекуваме од 5G мрежа, останува да се види.

Или пак можеби дадоа ветување кое не можат да го исполнат, или подготвуваат нешто на Harmony OS што ќе овозможи и на западниот пазар поевтини телефони со подобри перформанси.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП