25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИFacebook го отфрлa планот за воведување реклами на WhatsApp

Facebook го отфрлa планот за воведување реклами на WhatsApp

WhatsApp првично имаше малку измешан бизнис модел. Компанијата на почетокот им наплаќаше на корисниците годишна претплата, но подоцна ја укинаа и од тогаш апликацијата е бесплатна за користење. Кога Facebook ја купи, немаше сомнеж дека компанијата планира да заработи за од апликацијата, но како точно ќе го стори тоа?

Минатата година, WhatsApp потврди дека ќе вметне реклами во ажурирања на статусот, слично на Instagram Story делот, но сега според извештајот на Wall Street Journal, Facebook се откажува од тие планови. Извештајот тврди дека заложбата на компанијата Facebook да заработи од WhatsApp била причинта поради која основачите на апликацијата поднеле оставка и ја напуштиле компанијата.

Во извештајот понатаму се наведува дека Facebook исто така формирал тим кој ќе ги разгледува начините за заработка на апликацијата, но тој тим е распуштен, а досегашната работа е избришана од WhatsApp кодот.

Тоа значи дека Facebook, барем засега, нема да се рекламира на WhatsApp, но со толку голема активна корисничка база, сигурно е дека Facebook ќе го ревидира тоа во иднина. Меѓутоа, кога или како планираат да пристапат кон ова прашање останува да се види, но засега се чини дека WhatsApp останува без реклами.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП