25 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗTesla најави компактен електричен автомобил

Tesla најави компактен електричен автомобил

Компанијата Tesla ја објави официјалната дизајнерска скица на новиот компактен електричен автомобил и откри план за отворање на центар за истражување и развој во Кина.

Tesla планира да изгради нов центар за истражување и развој во Кина, а објавена е скицата која го најавува првиот компактен електричен автомобил. Овој модел би требало да го пронајде своето место под моделот 3 на Tesla и да претставува ривал на електричниот модел ID.3 на Volkswagen.

Компанијата овој пат ги поканува дизајнерите и инженерите да аплицираат за работа во новиот објект на Tesla во Кина.

Основачот на Тесла, Елон Маск, за време на настанот на лансирањето на Model 3 и Model Y произведени во Кина, изрази желба да дизајнира електричен автомобил во Кина наменет за глобалниот пазар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП