Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 11,903.09 0%    GRNT 951.88 -0.54%    KMB 5,999.03 0.13%    MPT 65,000.00 0.04%    OKTA 3,153.00 0%    RZUS 50.00 0%    SBT 2,600.00 8.29%    STB 1,070.00 1.42%    STIL 77.00 -1.28%    TEL 320.00 0%    TNB 16,350.00 -0.61%    TTK 1,282.00 9.57%    

Преку нетворк маркетинг до успешен сопствен бизнис

Време: 11:42

Датум: јануари 17, 2020

Категорија: КАРИЕРА

Како до одлични дополнителни месечни примања?

Веројатно сте слушнале за „нетворк маркетинг“, а уште поверојатно и сте се запрашале како овој модел функционира и како всушност преку вклучување во една ваква мрежа, можете да изградите успешен сопствен бизнис.

Доколку разговарате со некој кој го започнал својот бизнис преку мрежен маркетинг, но и кој целосно се посветил на овој начин на работа и кој продолжил да гради мрежа на купувачи, истиот тој ќе ви каже: „Мрежниот маркетинг е најголемата можност во историјата на човештвото“. Со оваа алатка всушност секој човек без да инвестира многу може да стане финансиски независен и месечно да заработува солидна сума пари.

Но, доколку разговарате со некој кој се приклучил на неколку различни бизнис идеи во текот на годините, но кој никогаш вистински не се посветил на тоа што е потребно за да изгради профитабилен бизнис, веројатно ќе добиете идеја дека мрежниот маркетинг не функционира и дека единствените луѓе кои заработуваат големи пари се луѓето кои рано се имаат приклучено во овој бизнис.

И двете претпоставки се веројатно точни, како што е точна и тезата дека за апсолутно сѐ во животот е потребно да се вложи труд за да резултира со успех, но вистинското прашање тука е како од „нетворк маркетингот“ заработуваат оние кои се како првиот пример: бизнис луѓе, претприемачи, целосно посветени на својот успех? Да речеме дека за продажба на одреден производ вашата заработка е 100 евра провизија и потребни ви се два часа за да се оствари продажбата за тој производ. Поделете ја оваа сума со часовите потребни за да се оствари продажбата и со едноставна математика доаѓате до тоа дека вашето време вреди 50 евра на час. Потоа, земете 40 часовна работна недела и може да очекувате да добиете убава сума од 2.000 евра.

Но, да речеме и дека вашето време не е потрошено исклучиво на директна продажба, туку дека сте поминале одредено време и на градење на тим на луѓе исто така сакаат шанса да заработат 100 евра по продажба. Како дел од вашиот тим и напорот кој го имате вложено за нивно успешно инволвирање во директната продажба, за секоја нивна успешна зделка, вам ви следува провизија. Со текот на времето веќе имате изградено тим од 100 луѓе, секој од нив прави 20 продажби неделно, секако зависно од сопственото време и труд, а сѐтоа се собира и на вашето конто.

Работите практично исто како да сте вработен како продавач во некоја продавница, но наместо редовна плата од вашиот работодавец, добивате одредена провизија од секоја ваша остварена продажба. Оттука, логично е дека ќе бидете мотивирани што повеќе да продадете, а со тоа секако и да заработите. Токму тука се крие таа  “win win” придобивка, која не се однесува само за вас, туку и за вашиот работодавец.

На крајот, како што споменавме и погоре, каков бизнис и да водите, неопходно е да се посветите за истиот да функционира и резултира, па оттука и придобивките ќе бидат бројни. Всушност, постојат шест клучни придобивки од ваквиот тип на заработка: најпрво ниски трошоци за започнување на бизнис; второ, ја имате можноста да работите од дома; трето, флексибилни работни часови, односно колку  ќе се посветите на овој бизнис модел толку и ќе ви се исплати вашиот труд; четврто, не ви е потребно претходно работно искуство; петто, начинот на заработка и напредокот во вашата кариера се транспарентни и за крај, не можете ништо да изгубите и можете во кое било време да престанете да работите без никакви надоместоци и штети.

Единствено внимавајте: за која компанија и да се одлучите да градите сопствена бизнис мрежа, најважно е истата да има транспарентен договор, транспарентни заработки, истата да функционира повеќе од 5 години и да има добар ранг.

Постојат многу компании кои функционираат на овој принцип на продажба, а доколку сакате повеќе да се информирате за „нетворк маркетингот“, ја препорачуваме веб платформата https://www.businessforhome.org/ каде ќе најдете релевантни информации и податоци за овој бизнис модел и ќе ги запознаете најдобро рангираните компании кои нудат ваков тип на заработка.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Дали знаете што е М – циклус?

    Дали знаете што е М – циклус?

    Силната амбиција, јакиот карактер и самодовербата се заеднички карактеристики на повеќето високо образовани жени во светот. Тие знаат што сакаат, веруваат дека  можат, и ги…

  • Златни правила: 10 работи кои успешните луѓе ги прават за време на викендот

    Златни правила: 10 работи кои успешните луѓе ги прават за време на викендот

    Со денови го чекаме викендот, а кога ќе пристигне најчесто се случува тогаш да извршиме повеќе работни задачи отколку во работните денови. Проверете што советуваат…

  • Топ 10 деловни книги кои треба да ги прочитате во 2020 година

    Топ 10 деловни книги кои треба да ги прочитате во 2020 година

    Сакате да започнете свој блог, да покренете бизнис, да ги подобрите постојните аспекти на вашата деловна активност, да научите нови вештини, да стекнете попродуктивни навики?…

  • Стар тибетски тест со само 3 прашања кој открива многу за вас

    Стар тибетски тест со само 3 прашања кој открива многу за вас

    Исклучете ја логиката, опуштете се и обидете се да одговорите на овие три прашања, со кои си игра нашата потсвест. Исто така, обидете се да…

  • Учиме од најдобрите: 6 лекции за лидерство од Мајкл Џордан

    Учиме од најдобрите: 6 лекции за лидерство од Мајкл Џордан

    Деновите во карантин на добар дел од луѓето во светот им беа разубавени со документарната серија „Последниот танц“, посветена на славниот Мајкл Џордан и неговите…

  • Список на најмалку стресни работни места

    Список на најмалку стресни работни места

    Без разлика дали работите во канцеларија или во рудник, иако тие се различни, двете работни места можат да имаат многу тежок ефект врз психата. Сепак,…

  • Подгответе се, сите канцеларии ќе бидат виртуелни до 2030 година

    Подгответе се, сите канцеларии ќе бидат виртуелни до 2030 година

    Со употреба на пет немилосрдни трендови, целиот концепт за централизирано работно место ќе биде целосно застарен. Сопствениците на компании и претприемачи треба да размислуваат многу…

  • Работа од дома: На работа во пижами

    Работа од дома: На работа во пижами

    Работата од дома може да биде корисна и за работадавачот и за работникот. За пријатна работа од дневната соба, потребно е да се „подготви теренот“.…

  • Која професија ќе биде најбарана по пандемијата?

    Која професија ќе биде најбарана по пандемијата?

    Програмерите ќе бидат најбарани работници на пазарот на труд во наредните неколку децении. Тоа го изјави директорот за дистрибуција на технологија во Yandex, Григориј Бакунов,…

  • Најбарани работни места во време на корона

    Најбарани работни места во време на корона

    Побарувачката за работна сила рапидно се менува. На глобално ниво, сигурно ќе има помала побарувачка за туристички персонал, додека расте побарувачката за доставувачи и здравствени…