25 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИОнлајн купувањето хит во светот

Онлајн купувањето хит во светот

ibej

Продажбата на иБеј во текот на последните три месеци во 2012 година порасна за 18 отсто на 3,9 милијарди долари, благодарение најмногу на можноста за купување преку интернет.

Овие податоци ги надминаа сите очекувања на аналитичарите, посебно што онлајн купувањето покажа силен тренд во текот на периодот на Божик, пренесува БиБиСи.

Профитот паднал за 62 отсто, на 757 милиони долари, во споредба со 2011 година, но тогаш бројката била поголема поради продажбата на Скајп.

Според изјавите од оваа компанија, Пеј Пал генерира најголем раст. Во последниот квартал, приходот од плаќањето на услугите изнесувал 1,54 милијарди долари, што е за 24 отсто повеќе од лани.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП