26 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАООН: 2019 година втора најтопла година во историјата на мерењето

ООН: 2019 година втора најтопла година во историјата на мерењето

Покрај тоа што беше исклучително топла, 2019 година ќе биде запаметена и по намалувањето на обемот на глечерите, рекордното покачување на нивото на морето и покачувањето на температурите и киселоста на океанот.

Минатата година беше втора најтопла година од индустриската револуција, зад 2016 година, објави Светската метеоролошка организација (WMO).

Просечната глобална температура била 1,1 степени повисока во однос на просечните температури од втората половина на 19 век, соопшти агенцијата на ООН со седиште во Женева.

„Ако продолжи сегашното ниво на испуштање јаглерод диоксид, ќе се придвижиме кон пораст на температурата од три до пет степени до крајот на векот“, предупреди во соопштението генералниот секретар на WMO, Петери Талас.

“Ова продолжува таму каде што 2019 година застана”

„Годината 2020 продолжи таму каде што 2019 година застана – со временски услови и настани поврзани со климата“, изјави Талас.

За пример ги наведе шумските пожари во Австралија, кои следеа по 2019 година, како најтопли и најсушни во историјата на тој континент.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП