25 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКај 27.000 македонци има над 2 милијарди евра на штедна книшка во...

Кај 27.000 македонци има над 2 милијарди евра на штедна книшка во банка

Македонските граѓани се големи штедачи, покажуваат статистиките, па така од 4,4 милијарди евра колку што имале на штедните книшки во првата половина лани, половината или 2 милијарди и 40 милионие евра биле на книшки кај 26.657 лица – покажува статистиката на Фондот за осигурување на депозитите.

Ова се депозити во износи поголеми од 30.000 евра како што ги дели Фондот, бидејќи тие до 30.000 се осигурани и се обештетуват од државата доколку пропадне банката или штедилницата, додека пак „висат“ износите над 30.000 евра.

Во просек пак ако оваа сума од над 2 милијарди евра се подели на секој од овие 26.657 лица, излегува дека секој имал по 76.502 евра заштеда во банка.

Податоците пак на Фондот покажуваат дека бројот на  ваквите „поголеми“ штедачи расте, односно во однос на првиот квартал од 2018 година, во вториот квартал лани бил поголем за 2.917 лица.

Во првите три месеци од 2018 година  имало 23.740 штедаци со суми над 30.000 евра, кои пак имале на книшки вкупно 1 милијарда и 760 милиони евра, или 279 милиони евра помалку од вториот квартал од 2019 година.

Другите пак нешто помалку од 2,4 милијарди евра во вториот квартал лани се депозити од 1 евро до максимални 30.000 евра и се  распределени кај 2.945.174 штедачи, покажуваат податоците на Фондот. Или вкупно според статистиката на Фондот за осигуртување на депозити има 2.971.831 поединечни штедачи во македонските банки и штедилници. А од 4, 4 милијарди евра вкупни депозити кај граѓаните, осигурани се 3 милијарди и 140 милиони евра.

Извор: Фонд за осигурување на депозити

До кој износ се осигурени депозитите и што е осигурено?

Фондот за осигурување на депозити во случај на настанување на ризичен настан врши обесштетување до 30.000 евра во денарска противвредност по депонент, во банка, филијала на странска банка или штедилница во согласност со одредбите од законот.

Во износот до 30.000 евра предмет на обештетување се и главницата и каматата на сите депозити на кои е имател едно лице депонент во банка на денот на настанување на ризичниот настан.

Што е осигурено? Се осигуруваат депозитите во денари и девизни средства, вклучувајќи ја и каматата на физичките лица кои се чуваат во банките, филијалите на странски банки и штедилниците во земјава.

Фондот за осигурување на депозити ги осигурува следните видови на депозити: трансакциските сметки, денарските и девизните депозити (штедни книшки), сертификатите за депозити, депозитите врзани за парични картички и девизните приливи на физичките лица.

Депозити кои не се осигурени Депозити со привилегирани каматни услови, различни од оние кои се објавени во банката, филијалата на странска банка или штедилницата, потоа депозити на сопственици со над 5% од акциите со право на управување со банката, филијалата на странска банка или штедилницата, депозити на членови на органите на управување на банката, филијалата на странска банка или штедилницата потоа и депозитите на  нивните роднини од прв степен како и депозити кои се поврзани со трансакции со кои се вршело перење пари, доколку прекршителот е осуден и казната е во сила.

С.А

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП