19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИДобивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

Добивката на Bank of America падна во четвртиот квартал минатата година за 4,0 проценти во однос на истиот период во 2018 година.

Падот е предизвикан од пониските каматни стапки, кои го намалија просторот за вториот најголем американски заемодавател да заработи повеќе од кредитните активности.

Нето-добивката на банката во споменатиот квартал изнесувала 7,0 милијарди долари, или 74 центи по акција, пренесува CNBC.

Приходите на банката паднаа за 1,0 процент на 22,35 милијарди долари, потфрлајќи во однос на очекувањата на економистите кои предвидуваа дека ќе изнесуваат 22,35 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП