Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,600.00 0.8%    GRNT 1,006.66 0.26%    KMB 6,888.28 1.97%    MTUR 3,900.00 -2.5%    REPL 87,000.00 2.62%    STB 1,167.91 -1.22%    TETE 1,946.00 2.96%    TTK 1,350.00 2.27%    UNI 2,400.00 0%    ZPKO 2,575.00 3%    

Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

Време: 14:51

Датум: јануари 15, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од минатата година е универзален снабдувач  за електрична енергија.  Со подобрувањата ќе се пресретнат барањата на корисниците, особено со дигитализацијата на нови опции  кои досега не беа достапни онлајн.

Досега, ЕВН Онлајн на корисниците им нудеше три одделни услуги:

  • електронска пријава за е-фактура (Формулар за е-фактура)
  • брзо плаќање на фактурите без регистрација на кориснички профил (Плати брзо)
  • проверка на долгови и плаќање на фактурите со регистрација на кориснички профил (досега Е-пункт)

Главната промена се состои во целосната преработка на сервисот за регистрирани корисници –  „Е-пункт“ што сега е преименуван во „Мој ЕВН Хоме“. „Мој ЕВН Хоме“, како интегриран дел од ЕВН Онлајн претставува унапреден кориснички портал за услуги поврзани со плаќањето на фактурите за електрична енергија со респонзивен дизајн. Така, посетителите имаат беспрекорно корисничко искуство без разлика од каков уред пристапуваат.

 

Отсега, „Мој ЕВН Хоме“ покрај плаќањето фактурите без провизија, ги нуди и следните опции:

  • плаќање на повеќе фактури одеднаш
  • регистрирање на повеќе места на потрошувачка на еден кориснички профил
  • регистрирање на едно место на потрошувачка во повеќе профили
  • преземање на копии од фактури од последните 12 месеци
  • увид во историја на сите плаќања реализирани преку корисничкиот профил

Корисниците на досегашната услуга „Е-пункт“ ќе може да го користат „Мој ЕВН Хоме“ со истото корисничко име (електронската пошта) и лозинка, со што при првото логирање системот ќе им побара промена на лозинката.

Преку „Мој ЕВН Хоме“ корисниците добиваат услуги достапни во секое време и место, едноставни и брзи за користење во само неколку чекори.

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • „Mitsubishi“ планира да се раздели со 500-600 вработени

    „Mitsubishi“ планира да се раздели со 500-600 вработени

    „Mitsubishi Motors“ ќе побара 500-600 вработени, главно од раководството, доброволно да се пензионираат. Идејата е ова да се случи во Јапонија од средината на ноември,…

  • 3.500 компании го тужат Трамп

    3.500 компании го тужат Трамп

    Околу 3.500 американски компании, меѓу кои се и „Tesla“ и „Ford“, во последниве две недели ја тужеа администрацијата на претседателот Доналд Трамп поради воведувањето на…

  • Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Основачот на „Spotify“ ќе инвестира 1 милијарда евра во европски стартапи

    Извршниот директор на шведската музичка платформа „Spotify“, Даниел Ек објави дека ќе искористи 1 милијарда евра од неговите лични средства за да инвестира во европски…

  • НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    НЛБ Банка ги повикува децата да цртаат за убавините на нашата земја по повод Месецот на штедење

    Оваа година, по девети пат, НЛБ Банка го организира НЛБ Месецот на штедење на тема: „Ги истражуваме убавините на нашата земја со Тиби и Штуки!”.…

  • Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Уште еден енергетски гигант се подготвува да покаже „црвен картон“ на нафтата

    Француската енергетска групација „Total SE“ ќе престане да рафинира нафта во регионот на Париз и ќе инвестира над 500 милиони евра до 2024-та година, заменувајќи…

  • 7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    7 врвни филмски наслови на репертоарот на А1 Drive-in киното

    Со најавата за отворање на A1 Drive-in киното на 29 септември со повеќекратниот оскаровец „Паразит“ (Parasite, 2019), A1 Македонија го објави и целосниот репертоар на…

  • Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    Eдна од најголемите австралиски банки заработи рекордна глоба

    „Westpac“, една од најголемите австралиски банки, се согласи да плати рекордна казна од скоро една милијарда долари за систематско дозволување на перење пари. Компанијата денес…

  • Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Халк Корнерот во ТЦ Лептокарија, обезбеден од страна на Халкбанк, е веќе на располагање на граѓаните

    Вчера, официјално завршија активностите околу уредувањето на зелениот корнер, на десната страна од популарната „коцка“ во средината на ТЦ Лептокарија. Уредувањето на овој јавен простор…

  • Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на Њу момент во финалето на фестивалот за маркетинг „БалКанс“

    Две кампањи на маркетинг-агенцијата Њу Момент, Њу идеас компани – Скопје, „Кога пчелите ќе стивнат“ и герила-акцијата „Ослободување на дрвјата“ продуцирани и реализирани во изминатава…

  • ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит е првата естонска компанија која се најде во Генералниот Стандард на Франкфуртската Берза

    ИутеКредит Европа, водечка европска компанија за лични финансии, по унапредувањето на својата позиција на Регулираниот Пазар, е првата компанија од Естонија која влегува во Генералниот…