26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИШпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два...

Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

Најголемата американска компанија по пазарна капитализација, Apple, има потенцијал до крајот на 2021 година да достигне вредност од два трилиони долари.

„Сметаме дека Apple има потенцијал прв да достигне пазарна вредност од два трилиони долари, со оглед на потенцијалот на развојот на 5G мрежата која ќе даде ветер во грб на компанијата и ќе биде главен дел од нејзините услуги во наредните години“, истакна Ден Ив, технолошки аналитичар во компанијата Wedbush, објави CNBC.

Ив е еден од најголемите трговци (шпекуланти) со акциите на Apple на Wall Street, чија што 12-месечна прогноза за хартиите од вредност на Apple е 350 долари по акција.

Тој додаде дека акциите на Apple, според негово мислење, до крајот на годината би достигнале до 400 долари, што претставува зголемување од над 30 проценти во однос на нивото од 316,96 долари на кое се затворени во понеделникот.

Акциите на Apple од почетокот на 2020 година пораснаа за 8,0 проценти, откако минатата година забележаа раст од 86 проценти, со што пазарната капитализација на компанијата достигна рекордни 1.389 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП