17 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

Францускиот енергетски гигант Total ќе го премести својот финансиски оддел од Лондон во Париз поради излезот на Британија од ЕУ, како и поради намалување на трошоците.

Компанијата предизвика бурни реакции во Франција, кога во 2013 година одлучи да се пресели од седиштето во Париз во Лондон со 70 вработени.

“Само што решивме да се вратиме во Париз. Наскоро следува Брегзит, а тука е и прашањето за трошоците”, изјави директорот Патрик Пујан на конференцијата Euronext, одговарајќи на прашање за привлечноста на Париз за бизнис.

Компаниите ги прават последните подготовки за Брегзит во време кога Британија треба официјално да ја напушти ЕУ на 31 јануари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП