27 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИРекордна година за Porsche

Рекордна година за Porsche

За германскиот производител на автомобили со високи перформанси, компанијата Porsche, 2019 година беше рекордна година во поглед на глобалната продажба.

Porsche, инаку бренд во сопственост на групацијата Volkswagen, објави дека во текот на 2019 година испорачал 280.800 возила или 10 проценти повеќе од претходната година. Најголем скок на продажбата е остварена во Европа, каде клиентите пронашле 88.975 Porsche автомобили, што е за 15 проценти повеќе во однос на 2018 година, пренесува CNBC.

Сепак, најголемите пазари на Porsche се Соединетите Држави и Кина. Во САД е забележан раст од 7,0 проценти, на 61.568 возила, додека во Кина продажбата е зголемена за 8,0 проценти, на 87.752 единици.

Клиентите во Азиско-пацифичкиот, африканскиот и регионот на Блискиот исток испорачале вкупно 16.458 возила, што претставува пораст за 7,0 проценти во однос на 2018 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП