Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,212.04 0.15%    FERS 74,500.00 0%    GRNT 1,190.00 -0.2%    KMB 7,645.00 0.07%    MPT 77,067.13 0.09%    MTUR 5,700.00 0%    ORAN 100.00 29.87%    PKB 12,280.00 2.33%    SBT 3,000.00 -1.64%    STB 1,300.00 -1.32%    TETE 2,181.89 -2.62%    TKVS 5,550.00 0%    TNB 19,400.00 1.57%    TTK 1,700.00 -0.06%    ZELE 115.00 -81.3%    ZPKO 2,693.00 2.98%    

myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

Време: 13:59

Датум: јануари 14, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Конфедерација на слободни синдикати на Македонија стана член на Cashback World куповната заедница, која е светска лојална програма менаџирана од страна на myWorld Групацијата

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија (КСС) е најновиот член на Cashback World куповната заедница која е под капа на myWorld Македонија. Оваа заедничка соработка ќе им овозможи на сите членови на Конфедерацијата да се здобијат со сопствена брендирана Cashback картичка и најдобро шопинг искуство во рамките нанајголемата светска шопинг заедница.

Соработката помеѓу КСС и myWorld Македонија ќе ги стави темелите на едно успешно долгорочно партнерство и всушност има за цел да ги поттикне и останатите организации да го препознаат потенцијалот и заложбите кои ги прави Cashback World лојалната програма за сите свои 14.000.000 клиенти и соработници, овозможувајќи им пристап до 140.000 трговски партнери и неограничен број на предности при секое пазарење за сите свои членови.

Со потпишување на оваа соработка членовите на Конфедерацијата ќе добијат свои КСС Cashback картички со кои ќе уживаат до 5% поврат на средствата од износот на пазарувањето кај било кој трговски партнер на Cashback World брендот во светот, како и можност за собирање на Shopping Points за дополнителни попусти и зделки.

Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија, инаку, е доброволна синдикална организација во која се здружени синдикати од јавниот и приватниот сектор во Република Македонија, кои притоа формираат две федерации: Федерација за јавен сектор и Федерација за приватен сектор.

Денес брои вкупно 55.000 членови кои сега ќе можат да ги користат предностите на Cashback World лојалната програма, а основана е уште во 2005 година, како резултат на едно слободно, демократско и независно синдикално движење со основна цел да се поттикне вербата кај работниците и да се врати почитта кон трудот.

Покрај новата соработка со КСС, myWorld Групацијата континуирано склучува соработки со голем број организации, институции и компании и трговски партнери со едноставна цел на своите членови да им понуди многубројни поволности. Листата на партнери и соработници на вбројува и стотици трговски партнери од автомобилската индустрија, градежништво, спорт, мебел и домаќинство и многу други.

Целосната листа на партнери и соработници на Cashback World брендот во Македонија можете да ги погледнете на официјалната веб страна: https://www.cashbackworld.com/mk, a корпоративниот меѓународен вебсајт на myWorld Групацијата е https://corporate.myworld.com/.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Добивката на Nestle минатата година пораснала за дури 24 проценти благодарение на продажбата во одделот за нега на кожа

    Добивката на Nestle минатата година пораснала за дури 24 проценти благодарение на продажбата во одделот за нега на кожа

    Швајцарскиот гигант за храна Nestle објави дека нето профитот му скокнал за 24 проценти во однос на претходната година, на 12,6 милијарди франци, што во најголем…

  • Свечено закроени лозјата на ВВ „Тиквеш“

    Свечено закроени лозјата на ВВ „Тиквеш“

    ВВ „Тиквеш“ и годинава, на винскиот локалитет „Лепово“, ја продолжи традицијата на симболичното закројување на лозјата во чест на Св. Трифун, заштитникот на лозарите и…

  • А1 Македонија за најмладите: Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно

    А1 Македонија за најмладите: Продолжуваат едукативните работилници од програмата „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно

    А1 Македонија со задоволство го најавува продолжувањето на  едукативната програма „Интернетот не е само игра… Кликај безбедно“, наменета за учениците од четврто одделение. Годинава, за…

  • Гигант за пет минути изгуби 17 милијарди долари

    Гигант за пет минути изгуби 17 милијарди долари

    Акциите на Microsoft вчера паднаа откако федералниот судија нареди привремено прекинување на договорот JEDI кој Пентагон и го додели на компанијата минатата година. Поради падот на…

  • Instagram на Facebook му донесе 20 милијарди долари приход

    Instagram на Facebook му донесе 20 милијарди долари приход

    Instagram, апликација за споделување фотографии која Facebook Inc. ја купи за милијарда долари во 2012 година, донела повеќе од четвртина од приходот на матичната компанија…

  • Лакталис МК во посета на Саемот AGROTICA 2020 во Солун

    Лакталис МК во посета на Саемот AGROTICA 2020 во Солун

    Млекарницата Лакталис МК на ден 01.02 оваа година по шести пат организираше посета на Саемот AGROTICA 2020 во Солун, кој важи како најголемото собирно место…

  • Загадување – горива

    Загадување – горива

    Вкупниот транспорт учествува со околу 30 проценти од вкупната емисија на ЦО2 во Европската унија. Од нив, речиси 72 проценти се од патниот транспорт. Автомобилите…

  • Исчезнуваат една по друга: Авиокомпанија прогласи банкрот

    Исчезнуваат една по друга: Авиокомпанија прогласи банкрот

    Турската авиокомпанија AtlasGlobal, на 12 февруари, поднесе барање за банкрот по неколкумесечните шпекулации. Компанијата имаше финансиски проблеми од ноември 2019 година и привремено ги прекина…

  • НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик – мобилното банкарство

    НЛБ Банка со нови современи начини на плаќање во НЛБ мКлик – мобилното банкарство

    НЛБ Банка од денеска за сите свои клиенти воведе нови начини на брзи плаќања во рамките на НЛБ мКлик – мобилното банкарство. Станува збор за…

  • Apple сè повеќе ќе се потпира на тајванските добавувачи

    Apple сè повеќе ќе се потпира на тајванските добавувачи

    Apple објави дека со своите добавувачи на компоненти од Тајван работи на неколку нови производи, а меѓу нив се споменуваат и AirPod Pro Lite слушалките. Другите…