26 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNissan и Renault не планираат "развод"

Nissan и Renault не планираат “развод”

Јапонскиот производител на автомобили денес објави дека најавите за раскинување на алијансата со Renault не се засновани врз факти.

„Nissan во никој случај не размислува да го наруши тој сојуз“, се вели во соопштението на јапонската компанија, додавајќи дека таа алијанса е „изворот на конкурентноста на Nissan“.

Во исто време, извршниот директор на алијансата, Жан-Доминик Сенар во интервју за „L’Echo“ објавено денес, инсистира на тоа дека „алијансата не е мртва“ и ги отфрли извештаите кои „немаат никаква врска со сегашната состојба во рамките на алијансата“.

Вчера, медиумите ширум светот објавија дека раководството на Nissan размислува за можноста за раскинување на алијансата и изработуваат планови во случајот да дојде до тоа.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП