26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПовеќе од една недела граѓаните не можат да закажат термин за обнова...

Повеќе од една недела граѓаните не можат да закажат термин за обнова на лични документи

Доколку се обидете да закажете термин за обнова на некој домумент кој истекува, нема да можете на ниеден начин.

Повеќе од една недела граѓаните не можат да закажат термин за обнова на своите документи. Телефонските броеви 0800 192 92 и 072 92 92 92 се надвор од употреба. Доколку се обидете и на порталот на МВР https://termin.mvr.gov.mk/Reservation нема да можете да резервирате термин.

“Се обидувам повеќе од една недела да закажам за обнова на личната карта, но ниеден начин не функионира. Броевите се исклучени, а онлајн нема слободни термини”, вели еден граѓанин на кого му е истечена личната карта.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП