28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКој телефон на преклоп најдобро се продава?

Кој телефон на преклоп најдобро се продава?

Mate X, преклопниот телефон на Huawei кој во ноември е лансиран во Кина, се продава многу добро. Иако цената му е околу 2.400 долари и покрај фактот дека е достапен само во Кина, месечно се продаваат повеќе од 100.000 примероци.

Huawei, сè уште не објави кога Mate X ќе биде достапен надвор од Кина, но има информации дека би можел да се појави во Европа во текот на првиот квартал оваа година. Кога тоа ќе се случи, сигурно значително ќе се зголеми месечната продажба на овој модел. Покрај тоа, се очекува втората генерација на Mate X телефоните да биде претставена на Mobile World Congress во Барселона кој ќе се одржи во февруари оваа година.

Нивниот најголем ривал, Samsung Galaxy Fold, се продава приближно во исти количини. Извршниот директор на Samsung, Јанг Сон, тврди дека се продадени повеќе од еден милион Galaxy Fold телефони, но подоцна, за време на неодамна завршениот CES, тие податоци се корегирани и е објавено дека се продадени помеѓу 400.000 и 500.000 единици (од септември минатата година).

Сепак, аналитичарите веруваат дека најдобро ќе се продава Motorola Razr чија промоција е одложена, поради тоа што компанијата сака да направи повеќе количини од овие уреди, за да се осигури дека ќе успее да ја задоволи очекуваната побарувачка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП