Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 13,343.68 0.34%    BESK 7,500.00 0%    FUBT 1,200.00 9.09%    GRNT 1,180.00 0.06%    KMB 7,647.14 0.3%    OKTA 4,700.00 3.3%    REPL 79,990.12 1.25%    RMDEN18 98.70 0%    SBT 3,000.00 0%    STIL 92.00 0%    TETE 2,250.00 0%    

Секој 8-ми стан во земјава е под хипотека кај банките

Време: 08:00

Датум: јануари 13, 2020

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Секој осми стан во земјава е под хипотека кај домашните банки. Податоците на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во третиот квартал лани во земјава имало вкупно 1.084.534 станови од кои дури 132.527 биле под хипотека – што практично значи дека преку хипотеките на банките е пренесена сопственоста на дури 12,22 проценти од станбениот фонд во земјава.

Скопје рекордер – секој петти стан заложен кај банките

Скопје е рекордер по заложени станови-дури половината од хипотеките се во главниот град. Податоците покажуваат дека на секој петти стан во метрополата „газди“ се банките. Така во катастарот во Скопје во периодот од јули до крај на септември биле запишани вкупно 317.084 станови, од кои дури 20,28 проценти или 64.301 се под хипотека.

Втор на листата градови со процентуално најмногу хипотеки во споредба со бројот на впишани станови во катастарот е Неготино каде на банките се пренесени имотни листови на 19,06 проценти од становите или од вкупно 12.906 станови во општината, дури 2.460 се под хипотека.

Гевгелија е на третото место според процентот на заложени станови и тоа од вкупно 23.690, хипотека има на 3.893 или на 16,43 проценти.

Со станови под хипотека над државниот просек се уште Кавадарци со 14,13 проценти заложени станови, Битола со 12,74 проценти, Штип со 12,47 проценти од вкупниот број станови во општината.

Најдолу на листата, или со најмалку станови под хипотека се Кратово, со само 1,33 проценти и Македонски Брод, каде што во банка се заложени 1,69 проценти од станбениот фонд.

Податоците покажуваат дека драстично расте бројот на станови под хипотека во земјава. Споредено со истиот период, трет квартал од 2016 година, или замо за три години бројот на станови под хипотека пораснал за 32.600 станови или тогаш под хипотека биле 9,28 проценти од становите во земјава или за 3 проценти помалку од лани.

Во земјава има 6.368 нови непродадени станови

Бројките на Агенцијата за катастар на недвижности покажуваат дека во периодот јули – септември 2019 година, на целата територија на земјава се продадени 674 новоизградени станови што е за 195 станови повеќе од вториот квартал во 2019 година. Статистиката покажува дерка заклучно со септември, во земјава има дури 6.368 станови кои се изградени, а сè уште не се продадени и се нудат на пазарот на недвижности. За разлика од претходниот квартал пак, во третиот квартал има зголемување за 615 непродадените станови. Додека пак, во овој период се издадени 11.950 листови за предбележување на градба, што значи дека овие објекти се во фаза на градба и наскоро ќе се најдат на пазарот на недвижности.

С.А

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Банката на Англија пушти во промет нови банкноти од 20 фунти

    Нова банкнота од 20 фунти со ликот на уметникот Вилијам Тарнер ќе се појави од утре во банкоматите и платниот промет во Велика Британија. Оваа…

  • Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Сопственичка на онлајн продавница е најбогатата Русинка

    Најбогатата жена во Русија е Татјана Бакалчук, сопственик и основач на интернет продавницата Wildberries, објави денеска магазинот Forbes. Нејзиното богатство, според Forbes достигнало 1,4 милијарди…

  • Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната плата во декември 26.836 денари

    Просечната нето плата исплатена по вработен во декември 2019 година изнесува 26.836 денари, објави Државниот завод за статистика. Според објавените податоци просечната месечна исплатена нето-плата…

  • Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија воведува дигитален данок: Годишно очекуваат околу милијарда евра приход

    Шпанија има намера да воведе нов данок кој ќе го плаќаат претежно големите дигитални компании како Google, Amazon и Facebook, изјави министерката за финансии, Мариа…

  • Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Ангеловска: Преку алатката за транспарентност за јавен долг, ќе се бориме против погрешното информирање

    Од денес граѓаните имаат можност да се информираат за јавниот долг преку новата алатка за транспарентност javendolg.open.finance.gov.mk, која ја изработи Министерството за финансии со поддршка…

  • Почина креаторот на “copy-paste”

    Почина креаторот на “copy-paste”

    Пионерот во компјутерската технологија, Лери Теслер, креаторот на “cut”, “copy” и “paste”, почина на 74-годишна возраст. Теслер започна да работи во Силиконската долина во раните…

  • Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Брегзит донесе 140 компании во Холандија

    Неизвесните ефекти од Брегзит принудија голем број странски компании да отворат канцеларии во Холандија, соопшти холандската агенција за странски инвестиции, додавајќи дека од референдумот за…

  • За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра странски инвестиции

    За десет години во земјава влегле 2,6 милијарди евра директни странски инвестиции – покажуваат податоците на Народната банка. Бројките покажуваат дека не „цветаат рози“ во…

  • Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Ковид-19: 2.126 лица починаа, бројот на заразени се намалува

    Од коронавирусот (ковид-19) досега починале 2.126 лица, заразени се 75.600, а во последните 24 часа во кинеската провинција Хубеи, каде за прв пат се појави…

  • Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Претпладне врнежи од дожд, попладне ќе престанат

    Времето претпладне во поголем дел од земјава ќе биде со врнежи од дожд, а на планините од снег. Во попладневните часови врнежите ќе престануваат и…