24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонците купиле станови и куќи тешки 100 милиони евра, само во три...

Македонците купиле станови и куќи тешки 100 милиони евра, само во три месеци лани

Македонските граѓани само за три месеци лани, од јули до крај на септември си купиле недвижности со вкупна вредност од 142 милиони евра. Од нив најголем дел или 80 милиони евра биле пари потрошени за станови, а над 17 милиони евра за куќи – покажуваат последните податоци на Агенцијата за катастaр на недвижности. Околу 20 милиони евра пак чинеле деловните простории купени од граѓаните во земјава, а со останатите пари Македонците се „подновиле“ и со индустриски објекти, земјоделско и градежо земјиште и други недвижности.

Во овој период се продадени недвижности со површина од неверојатни 4.218.325 метри квадратни. Но најголема квадратура отпаѓа на земјоделско земјиште 3.174.899 метри квадратни. Вкупната квадратура пак на истргуваните станови е речиси 117.000 квадрати, а на куќите 192.000 метри квадратни.

Како „алва“ се купувале становите во Карпош

Податоците на Агенцијата за катастар на недижности покажуваат дека во третиот кввартал лани најголем број продадени станови има во скопските општини. Така во општина Карпош биле продадени вкупно 239 станови, следува Аеродром со 213, па Центар со 142 и Кисела Вода со 123 продадени станови, исто колку што има продадени станови на пример Охрид, кој е нјвисоко на листата од другите градови во земјава по продажбата на станови.

Најголем број пак продадени куќи има на територијата на општина Битола, каде  во овој период се продадени 30 куќи. Додека пак најмногу продажби на деловен простор има на територијата на општина Центар каде што се продадени 23 деловни простори. Најмногу недвижности од типот на земјоделското земјиште се продадени во општините Струга и Кочани со по 48 продажби, додека најмногу продадено градежно земјиште е регистрирано во општина Кичево со 27 продажби. Во овој квартал се регистрирани и продажби на 12 индустриски објекти и тоа во поголем број на општини. Најдолу пак на листата е Општина Вевчани каде во овој период не се продало и купило буквално ништо.

Најскап бил квадрат стан во скопските општини – двојно поскап од Штип

Од јули до крај на септември лани најскапо се продавал квадрат стан во скопсите општини. Така најскап квадрат имало во општина Карпош, или за метар квадратен станбена површина граѓаните плаќале по 60.398 денари, следува Центар со просечни 59.855 денари за метар квадратен, па Аеродром со 50.739 денари. Овие цени за метар квадратен во скопските општини се двојно повисоки од тие на пример во Штип каде метар вадратен станбена површина се купувал по 26.780 денари.

С.А

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП