Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 12,760.64 -0.03%    BUTE 3,075.00 2.5%    CEVI 567.00 -2.91%    GRNT 1,202.69 0.29%    KMB 7,231.37 -0.1%    MPT 79,852.73 -0.06%    SBT 3,200.00 2.17%    SDOM 30.00 0%    STB 1,200.00 -1.72%    TNB 17,636.98 0.24%    TTK 1,600.00 1.78%    ZILU 195.00 2.63%    ZPKO 2,539.00 19.99%    ZPOG 1,800.00 -10%    

Извлечен е среќниот добитник на ŠKODA KAROQ од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија

Време: 14:33

Датум: јануари 10, 2020

Категорија: КОМПАНИИ

Новата 2020 година започна среќно и бериќетно за Зоранчо Петановски од Скопје, кој е среќниот добитник на главната награда ŠKODA KAROQ од наградната игра „Полни, патувај и добивај!“ на ЛУКОИЛ Македонија. На свечената церемонија во Скопје, по повод доделувањето на главната награда, беа присутни високи претставници од амбасадата на Руската Федерација во Македонија, од ЛУКОИЛ Македонија, како и бизнис соработници на компанијата.

„ЛУКОИЛ Македонија е компанија која ги почитува и наградува своите лојални потрошувачи, а преку организирање на ваков тип на наградни игри ја изразува својата благодарност кон нив. Упатувам искрена честитка до среќниот добитник на главната награда и му посакувам многу убави патувања со својата нова ŠKODA KAROQ. Се надевам дека оваа вредна награда ќе донесе радост во неговиот дом и ќе биде поттик за откривање на нови дестинации, но и создавање нови среќни моменти“, изјави г-дин Андреј Михајлович Куку, регионален управител на ЛУКОИЛ Македонија.

Добитникот на главната награда, Зоранчо Петановски од Скопје, при подигнувањето на клучевите на својата нова ŠKODA KAROQ изјави: „Пресреќен сум. Мислам дека ова е еден од најсреќните денови во мојот живот. Редовно полнев гориво на бензинските станици на ЛУКОИЛ Македонија, ги испраќав броевите од фискалните сметки и посакував да добијам барем некоја од поголемите награди, но дека ќе го освојам токму автомобилот воопшто не се надевав. Освојувањето на оваа вредна награда ме охрабрува да верувам во невозможното и во упорноста. Им се заблагодарувам на ЛУКОИЛ Македонија за прекрасната ŠKODA KAROQ, која ве уверувам дека и понатака ќе ја полнам на бензинските станици на ЛУКОИЛ”.

На настанот по повод доделувањето на главната награда од наградната игра на ЛУКОИЛ Македонија беше присутен и амбасадорот на Руската Федерација во Република Македонија, г-дин Сергеј Александрович Баздникин, кој изјави: „Убеден сум дека компанијата ЛУКОИЛ Македонија и понатаму ќе продолжи да игра важна улога на пазарот на Република Северна Македонија и ќе организира уште многу наградни игри преку кои ќе се наградува лојалноста на потрошувачите на ЛУКОИЛ Македонија. Користејќи ја оваа прилика, ви ги честитам новата 2020 година и Божиќ и ви посакувам многу здравје, благосостојба, успеси и сè најдобро на сите вас и на вашите најблиски.“

Во наградната игра „Полни, патувај и добивај!“, во седум извлекувачки кола од 11 ноември до 30 декември 2019 год., беа наградени вкупно 148 верни корисници на ЛУКОИЛ Македонија. Покрај главната награда ŠKODA KAROQ беа доделени кровни куфери за автомобил, ваучери за пневматици во вредност од 12.000 ден., Samsung Galaxy таблети, смарт часовници, ваучери за спортска облека од 3.000 ден., ваучери за гориво од ЛУКОИЛ Македонија од 2.000 ден. и ЛУКОИЛ масла.

Од ЛУКОИЛ Македонија најавуваат дека грижата за своите лојални клиенти продолжува и понатака преку организирање на нови наградни игри во кои ќе се доделуваат уште многу вредни награди.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Помалку пластика: Гигант за храна вложува 1,8 милијарди евра во рециклирање

    Швајцарскиот гигант за прехранбена индустрија Nestle најави дека ќе инвестира две милијарди франци (1,8 милијарди евра) во период од пет години во рециклирање. Парите ќе ги искористат…

  • Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна поради ниските каматни стапки

    Добивката на Bank of America падна во четвртиот квартал минатата година за 4,0 проценти во однос на истиот период во 2018 година. Падот е предизвикан…

  • Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Нова подобрена верзија на онлајн услугите на ЕВН

    Почна со работа новата надградена  верзија на онлајн услугите на ЕВН – evnonline.mk. Овие услуги на корисниците сега ги нуди компанијата „ЕВН Хоме“ која од…

  • Производителот на телефони дели откази на работниците

    Производителот на телефони дели откази на работниците

    Финскиот производител на телекомуникациска опрема Nokia соопшти дека планира да укине околу 180 работни места во матичната земја оваа година. Како што најавуваат, имаат намера…

  • Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

    Шпекулант од Wall Street: Apple би можел да достигне вредност од два трилиони долари

    Најголемата американска компанија по пазарна капитализација, Apple, има потенцијал до крајот на 2021 година да достигне вредност од два трилиони долари. „Сметаме дека Apple има…

  • Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

    Гигантот повторно се сели: Брегзит ги натера компаниите да ги сменат локациите

    Францускиот енергетски гигант Total ќе го премести својот финансиски оддел од Лондон во Париз поради излезот на Британија од ЕУ, како и поради намалување на трошоците.…

  • Рекордна година за Porsche

    Рекордна година за Porsche

    За германскиот производител на автомобили со високи перформанси, компанијата Porsche, 2019 година беше рекордна година во поглед на глобалната продажба. Porsche, инаку бренд во сопственост…

  • myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

    myWorld Македонија го збогатува своето портфолио со уште една успешна соработка

    Конфедерација на слободни синдикати на Македонија стана член на Cashback World куповната заедница, која е светска лојална програма менаџирана од страна на myWorld Групацијата Конфедерацијата…

  • Nissan и Renault не планираат “развод”

    Nissan и Renault не планираат “развод”

    Јапонскиот производител на автомобили денес објави дека најавите за раскинување на алијансата со Renault не се засновани врз факти. „Nissan во никој случај не размислува да…

  • Онлајн кредити за нови авантури

    Онлајн кредити за нови авантури

    Ве притискаат ли некогаш финансиските грижи толку многу, што посакувате едноставно да ви паднат пари од небо? Можеби е момент сериозно да размислите за тоа,…