3 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАМека механичка рака

Мека механичка рака

raka

Германски специјалисти развија мека вештачка рака слична на човечката која подобро се справува со ракувањето со предмети.

Роботизираниот горен екстремитет е направен од меки материјали кои значително ја зголемуваат неговата умешност. Прстите се направени од силикон и гума и се надуени со воздух под притисок.

Тоа дава особени вештини на новата вештачка рака во споредба со нејзините традиционални тврди електромеханички еквиваленти.

Развој беше претставен на конеференцијата по роботика во Берлин од профорот Оливер Брок и неговиот студент Рафаел Дајмел кои ја покажаа нејзината функционалност.

„Меката вештачка рака ја има таа предност што не ја оштетува површината на нештата со кои ракува, како очилата пример.Материјалот од кој е изработена е отпорен на топлина и на врела вода“,, истакна Дајмел.

Новиот производ е многу поевтин за конструирање од традиционалните метални раце-роботи, чија цена може да достигне 100.000 долари. За изработката на меката вештачка рака се потребни меѓу 400 и 600 долари. Нејзиниот единствен недостаток е тоа што може да ракува со предмети не потешки од 500 грама.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП