28 март, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставен Cyrcle Phone: Првиот паметен телефон со кружен екран

Претставен Cyrcle Phone: Првиот паметен телефон со кружен екран

По околу пет години развој, производителите на овој телефон му го покажаа на светот својот уред со кружен екран. Се вика Cyrcle Phone и веројатно е најчудната работа која е претставена на CES 2020.

Според компанијата, идејата која стои зад проектот Cyrcle Phone била да се создаде поудобен телефон од вообичаеното, кој се вклопува во било кој џеб без многу труд.

„Нормалниот“ дизајн на мобилни телефони стана премногу обичен, како што изгледа. Ова засега е само прототип, а првиот вистински кружен телефон би требало да излезе во рок од една година, ако ништо не тргне наопаку, објави порталот IGeekPhone.

Без оглед на тоа дали ќе има промени во дизајнот, тоа што веројатно нема да се смени се двата 3,5 mm приклучоци за слушалки, кои се наоѓаат на секоја страна од куќиштето.

Според Кристина Сер, основач на компанијата, одлучено е да се уклучат неколку портови од овој тип за да се елиминира потребата за користење сплитер, кој очигледно стана популарен производ помеѓу милениумите и членовите на генерацијата З.

Би требало уште многу работи да се вградат, бидејќи ниту оперативниот систем Android, ниту повеќето апликации не се прилагодени за работа со кружен екран.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП